Зошто е здраво да се јаде путер од кикирики?

Дали сте и вие во групата на верни обожаватели на путер од кикирики? Тогаш веројатно сте ги почувствале извонредните позитивни ефекти кои ова дело на природата ги има врз нашето здравје.

Но, за правилно користење на придобивките од путерот од кикирики како и секоја друга храна, важно е да се консумира правилно, односно да се внимава на количините.

Кои се здравствените придобивки од путерот од кикикрики?

Придобивките за нашето здравје од оваа намирница се многубројни но ајде да ги издвоиме најважните.

Една лажичка путер од кикирики содржи здрави масти и квалитетни протеини, а е особено богат со есенцијални микронутритиенти како:

  • Магнезиум – 30 мг
  • Цинк – 0.4 мг
  • Фосфор – 55 мг
  • Витамин Б6- 0.1 мг

Иако мали ова се извонредни количества, но од истата оваа причина како што веќе споменавме, треба и да се внимава на дневниот внес.

Идеална храна за вегани и спортисти

Поради високата енергетска и хранлива вредност, путерот од кикирики е идеална храна за луѓето кои избегнуваат месо или општо производи од животинско потекло, како и за оние кои практикуваат поинтензивни физички активности.

Благодарение на веќе споменатите здрави масти, протеини и растителни влакна поттикнува чувство на ситост и полн стомак па со тоа помага при процесот на слабеење и регулирање на телесната тежина.

Го одржува здравјето на срцето

Низата хранливи материи како мононезаситените масни киселини, витамин Б3, и витамин Е кои се значајни за срцевото здравје се содржат во путерот од кикирики.

Меѓудругото, поради ниското ниво на јаглехидрати (се однесува на путери без додадени шеќери), претставува и одлична храна за лицата со дијабет бидејќи влијанието на глукозните нивоа во крвта е многу минимално. Дополнително, магнезиумот кој исто така се содржи во путерот од кикирики може значително да го намали гликемискиот индекс на храната со која што се консумира.

Како да изберете путер од кикирики?

Доколку не сте во можност да си направите сами, бидете внимателни при изборот кога купувате, и одберете путер кој е 100% природен и без додатоци како масла, сол и шеќер.

Ние во Крукс го подготвуваме токму така, по домашен рецепт и една состојка, внимателно одбрана. Проверете ја понудата во нашата продавница, а во меѓувреме инспирарјте се со некој здрав и брз рецепт преку нашата категорија на рецепти.

Shopping Cart
X