3 смути рецепти за енергични утра
Прашањето што на многумина од нас ни доаѓа прво кога станува збор за смути, е дали смути е добра и здрава опција за доручек? Одговорот е ДА!
НО, има неколку работи на кои треба да се внимава и доколку ги почитувате овие “правила”, слободно можете да имате смути за доручек секој ден или додека не ви здосади 🙂 Во секој случај е многу едноставна опција, брза за подготовка и секако вкусна.
Што е важно за добро и здраво смути?
Има толку многу комбинации за смути и секоја категорија на состојки има различни позитивни придобивки, па еве што научивме ние до сега 🙂
Најважно е смутито во својот состав секогаш да има здрави масти, протеини, влакна, овошје, зеленчук, течност и може а и не мора- flavor additions.
Во “превод” тоа значи следново:
- Здрави масти: Вашиот омилен путер од јаткасти плодови, кокосово млеко, чиа семе.
- Протеини: Грчки јогурт или протеин во прав
- Влакна: Овес на пример.
- Овошје: Вашето омилено.
- Зеленчук: Спанаќ, моркови, авокадо, цвекло, опциите се многубројни.
- Течност: Вода- опција засекогаш, цеден сок, растително млеко
- И засладувачи или flavor additions како ванила, цимет, какао, мед, маџун, јаворов сируп.. Листата е долга, експериментирајте.
Е сега ако многу не ви се експериментира ние завршивме дел од работата за вас 🙂 па ви ги споделуваме три од нашите омилени смути рецепти а воедно и најчесто правени од Crux заедницата.
Рецепти за смути
Путер од кикирики и банана смути
Нормално, за старт, една класика или опција на која прво помислуваме затоа што вкусот ни е омилен а и состојките се едноставни и скоро секогаш ги имаме “при рака”.
- ¾ шоља (cup) растително млеко (ние 90% од времето користиме homemade од индиски ореви)
- 1 банана (препорачуваме претходно исецкана и замрзната)
- 2 лажички путер од кикирики (препорачуваме Crux 😀 )
- ½ шоља (cup) грчки јогурт (0-2% масленост)
- ¼ лажичка цимет
- 2-3 коцки мраз (опционално)
Сите состојки ги додавате по пишаниот редослед во блендер, блендирате и имате здрав и превкусен доручек за помалку од 5 минути.
Кремасто детокс смути
Рецептов е тотален “glow материјал” 🙂
Или смути рецепт за во понеделник, посебно ако сте се опуштиле за време на викендот па ви треба рестарт 🙂
Супер комбинација на состојки која ќе ве држи сити подолго време.
Земајте блендерот и одиме по овој редослед:
- ½ шоља (cup) растително млеко
- 2 шољи (cups) или отприлика 2 шаки спанаќ
- ½ авокадо
- 1 средно јаболко (најдобро е да го исечете на помали парченца)
- ½ банана (исецкана и претходно замрзната помага за подобра структура)
- 1 лажичка мед или засладувач што најчесто го користите (маџун, јаворов сируп, сируп од урма и сл.)
- Мноогу мало парченце свеж ѓумбир или ¼ лажиче ѓумбир во прав
- 2-3 коцки мраз
- Опционално може да сервирате со чиа семе.
Пробајте и ќе ви стане омиленото зелено смути, со гаранција!
Банана портокал смути
Наједноставното за крај или популарното Orange Creamsicle смути. Веруваме дека на многумина од вас ви е познато и пробано, но толку е вкусно и лесно што сметавме дека заслужува да биде дел од листата.
Има неколку комбинации за истото, разликата е најчесто во тоа дали е портокалот цеден или на парчиња но еве ја за нас омилената:
- 1 шоља (cup) парчиња замрзната банана (за овој рецепт најдобро е да ја користите бананата вака)
- 1 шоља (cup) цеден сок од портокал
- 1 лажиче ванила екстракт.
- Опционално: додате 2-3 коцки мраз, протеин (најдобро ако е ванила), или путер од јаткасти плодови.
Е па за следните три дена го “обезбедивме” доручекот, на вас останува да ни споделите кое од овие три е најмногу по ваш вкус.
Доколку имате прашања или сакате да ни го споделите вашиот омилен смути рецепт, не се воздржувајте да ни пишете овде, на нашиот инстаграм профил, на меил, на смс 😀 навистина се радуваме на сите ваши коментари, сугестии, рекреации и секогаш сме расположени за муабет. Ве очекуваме!
П.С. Ако се одлучивте да го пробате првото смути ама ви фали 100% природен и вкусен путер од кикирики, тука сме и за тоа. Продавничката работи 24/7, посетете ја!