За crux.mk

Здраво 

Ти благодариме што си тука! 

Твојот интерес и поддршка ни значат премногу, затоа што токму ТИ си најважниот дел од нашата приказна. 

CRUX е огромна желба на млади луѓе инспирирани од својата цел: да го приближат здравиот начин на живот до сите генерации, преку вкусни и нутритивни производи.

Нашето патување започна со отварање на бар за здрава храна, за да продолжи кон производство на путери од јаткасти плодови.

Во моментот произведуваме путери од кикирики и лешници, кои секако се појдовната точка на она кое што крајно го имаме како визија.

Подготовката на нашите путери е без користење на додатоци, односно 100% природен производ без сол, шеќер и масла.

Станува збор за мало производство низ кое внимателно е одбрана суровината, пакуваме тегличка по тегличка во која се задржани сите хранливи материи за да добиеме производ со сите здраствени придобивки кои ги има суровината од која што се прави.

 Но нашата главна состојка која ги прави CRUX путерите толку вкусни е несомнено љубовта со која го минуваме секој процес, секој ден.

Се надеваме дека ќе бидеш наш лојален сопатник на ова патување кое штотуку го започнавме и веќе се радуваме на нашата дружба.

 

Бројките говорат за нас!

0 +
Лојални потрошувачи
+
Продадени теглички
1 +
Продажни места
Shopping Cart