Путер од лешник - вкусот на кој нема да му одолеете
Новата тегличка од неодамна се придружи во друштвото на нашите путерчиња. Со свежо одбрани органски лешници од наши, македонски одгледувачи кои се печат без сол и 0 додатоци го создадовме овој богат и раскошен Путер од лешник.
Природното путерче од лешници претставува вистинско задоволство на кое слободно можеш да му се препуштиш. Овој путер е природен со 100% печени лешници и освен неодоливиот вкус тој со себе носи многу здравствени бенефити.
Кои се здравствените бенефити од Путерот од лешник?
Путерот од лешници е нутритивно богат и здрав како што се и самите лешници. Нема потреба да се грижите за мастите и калориите што ги содржи самиот путер, затоа што дури една лажица е доволна за да се зголеми нутритивната вредност на оброкот и ќе помогне во регулирање на апетитот.
Дел од здравствените придобивки се:
- Одличен за кожата
- Добро делува на забите
- Создава посилен имунитет
- Ја внесува потребната доза на витамини и минерали
- Одличен за контрола на тежината
- Содржи антиоксиданси
Што ги прави лешниците толку здрави?
Лешниците се омилените јаткаси плодови на многумина а претпознатливиот вкус овозможува да се користат на многу начини. Тие не само што обезбедуваат здрави масти, туку и важни витамини, минерали и протеини.
Fan fact: Лешниците се сметаат за симбол на плодноста и во минатото често се користеле како важен детал на свадбените прослави.
Лековитите својства што ги содржи лешникот се главни ,,виновници’’ што не инспирираа да го создадеме ова путерче од лешник. Издвојуваме 7 придобивки од лешниците:
- Го намалуваат холестеролот
- Одличен извор на растителни протеини
- Одличен извор на растителни влакна
- Го зајакнуваат срцето и крвните садови
- Богати се со витамини од групата Е и групата Б
- Придонесуваат подобро варење на храната
- Позитивен ефект врз перформансите на меморијата
Со што најдобро е да се комбинира путерот од лешник?
- Со овесна каша (според нас број 1 комбинација)
- Со омиленото smoothie
- Додаток на салата
- Во комбинација со омиленото овошје (препорачуваме да пробате со јаболка)
- Или едноставно уживаме сркајќи со лажичка од тегличката (guilty-free)